3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов директор на Агенцијата за странски инвестиции е Дарио Николовски

Нов директор на Агенцијата за странски инвестиции е Дарио Николовски

Дарио Николовски, секретар на општинскиот комитет на СДСМ во Гази Баба и координатор на советничката група на социјалдемократите во оваа скопска општина, е назначен за нов директор на Агенцијата за странски инвестиции.

Николовски е дипломиран правник, кој работел во шпедицијата „Караорман“ и во компанијата со мешовит капитал „Ѓијан Вики“, каде што бил раководител на секторот за човечки ресурси.

Тој на челната позиција во Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот доаѓа на местото на Висар Фида, кој ја вршеше оваа функција во владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП