5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈавниот долг се намалува

Јавниот долг се намалува

Владата на Република Македонија на вчерашната седница ја разгледа и усвои Анализата на структурата на портфолиото на јавниот долг и каматните трошоци.

На седницата, како што соопшти владината прес- служба, усвоена е информацијата дека во изминатиот период Владата повеќе се раздолжува, отколку што се задолжува и оти каматите на новите задолжувања се пониски од каматите со кои претходно биле задолжувани граѓаните.

Од страна на Владата усвоена е и постапката со која се операционализира мерката за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи, за која се обезбедени финансиски средства со Ребалансот на буџетот за 2017 година.

– Со оваа мерка Владата ја продолжува туристичката сезона и обезбедува субвенции за работници со ниски приходи. Министерството за економија е задолжено за реализација на оваа мерка, а право на неа ќе имаат граѓаните, односно семејствата со приходи до 22 илјади денари, се вели во соопштението од Владата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП