9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата донесе одлука за декласифицирање на договорите за доделување државна помош на...

Владата донесе одлука за декласифицирање на договорите за доделување државна помош на странските инвеститори

На вчерашната седница Владата на Република Македонија донесе одлука да се покрене постапка за декласификација на класифицираните информации и договори за доделување државна помош, склучени помеѓу Владата на Република Македонија и странските инвеститори во Република Македонија.

„Согласно Законот за класифицирани информации и согласно препораките на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, покрената е постапка според која Владата на РМ ќе ги направи јавни сите информации и договори за доделување на државна помош со странските инвеститори. На денешната седница, владата донесе одлука со која се задолжуваат Агенцијата за странски инвестиции и Техничко-развојните индустриски зони, како и сите останати министерства и државни органи, кои поседуваат класифицирани информации и договори за државна помош, и тие да ги покренат постапките за достапност на овие информации и договори“, наведуваат од Владатаа на РМ.

За ефикасно спроведување на оваа одлука, наведуваат, Владата го задолжи Генералниот секретаријат да достави листа на класифицирани информации и договори за државни субвенции на странските компании во земјата, и утврди рок од седум дена за реализирање на оваа иницијатива на владата.

Иницијативата за декласификација на информациите и договорите за државна помош за странските компании е мерка предвидена со „Планот 3-6-9, додаваат од Владата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП