29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата даде дополнителен рок за легализација на објекти

Владата даде дополнителен рок за легализација на објекти

Владата на денешната седница го усвои предлогот на Министерството за транспорт и врски за измени и дополнувања на Законот за постапување со бесправно изградени објекти со цел на граѓаните да им се даде повеќе време за прибирање на потребната документација за легализирање објекти.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, на прес-конференција во Владата информира дека според измените на Законот за легализацијата, започнувајќи од 1 јануари 2018 година, граѓаните ќе имаат 12 месеци да ги докомплетираат потребните документи за легализација. Овој закон важи само за објектите изградени од 1 март 2011 година.

„По анализата, Министерството за транспорт и врски утврди дека во Република Македонија во процес на легализирање се 186 илјади објекти, кои граѓаните од разни причини не успеале да ги легализираат“, изјави Сугарески.

Како што објасни министерот за транспорт и врски, единиците на локалната самоуправа ќе бидат задолжени да ги информираат странките што не доставиле комплетна документација да го сторат тоа во определениот рок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП