22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИКрајниот рок за поднесување на понудите за Air Berlin е 15-ти септември

Крајниот рок за поднесување на понудите за Air Berlin е 15-ти септември

Крајниот рок за поднесување на понудите за германската авиокомпанија „Air Berlin“ е 15-ти септември, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на соопштение на портпаролот на превозникот.

Потсетуваме дека „Air Berlin“ прогласи банкрот во средината на овој месец, откако најголемиот акционер и кредитор „Etihad Airways“ сопре со инвестициите. Превозникот започна брзи преговори за продажба на активите. Најголем дел од нив се очекува да ги купи германската „Lufthansa“.

Германската Влада одобри неколку заеми на „Air Berlin“, за да продолжи компанијата да ги извршува летовите. Средствата се во износ од 150 милиони евра и ќе стигнат за три месеци.

Плановите на компанијата се да заврши со договорот до крајот на септември.

„„Air Berlin“ брзо ќе го заврши процесот на инвестирање“, се наведува во соопштението на компанијата.

Запознаени извори велат за „Ројтерс“ дека купувачите на средствата на авиокомпанијата ќе бидат избрани речиси веднаш, во средината на септември.

Меѓу превозниците кои се натпреваруваат за „Air Berlin“, се „Lufthansa“, „Condor“ на „Thomas Cook“, „easyJet“ и „Ryanair“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП