23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе јадат македонските сирења и надвор од Македонија

Се јадат македонските сирења и надвор од Македонија

sirenje

Здравје Радово оствари рекорден дневен откуп од над 120.000 литри млеко, а  го зголеми и извозот за повеќе од 20 отсто. Како што соопшти компанијата, се преземаат сите расположливи количини од кооперантите кои ги задоволуваат строгите микробиолошки и хемиски стандарди.

– Растот се должи на 10 годишната традиција, на партнерскиот однос со фармерите, вложувањата во нивна едукација, во набавка на лактрофризери и јуници, и пред се во развојот на брендовите кои континуирано го подобруваат квалитетот, велат од млекарницата и додаваат дека годишниот откуп достигнува околу 100.000 литри млеко.

Здравје Радово моментно соработува со повеќе од 2.000 фармери, како и со најголемите фарми во Македонија, ЗИК Пелагонија, ЗСК Струмица. Во првиот квартал од 2013 година оствари раст на откупот на сурово млеко за 30 проценти во однос на истиот период лани.

На пазарите во регионот се повеќе се прифаќа и традиционалното овчо сирење од Здравје Радово. Компанијата најавува извоз и на нови производи, особено очекува успех од мешаниот кумановски кашкавал и мешаното сирење.

– Целта ни е оваа година и на овие пазари да создадеме вистински брендови од овие два производи препознатливи по својот квалитет и географско потекло,  вели Јован Дабевски, генерален директор на Здравје Радово.

Стопанската комора на Македонија неодамна на млекарницата и даде и официјално признание дека е еден од најголемите македонски извозници, компанија која се развива дури и во услови на криза, претставувајќи пример за останатите.

Според плановите, ќе се зголемува портфолиото на производи кои ги бараат потрошувачите, но и извозот од што ефект би имале сите и фармерите од аспект на сигурен пласман и потрошувачите бидејќи ќе добиваат квалитетен производ, како и македонската економија генерално.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП