11 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да бидете трпеливи и да ги зачувате нервите на работа?

Како да бидете трпеливи и да ги зачувате нервите на работа?

Малкумина се оние кои работат и кои барем еднаш не ги изгубиле живците или трпението на работното место. За да го избегнете непотребниот стрес на работното место, се што треба да направите е да се придржувате до неколку едноставни совети.

Трпението е прашање на контролата, а оној кој сака да контролира (повеќето шефови), за да останат трпеливи често мораат да инвестираат дополнителен труд.

За да останете смирени и да ги избегнете секојдневните стресови, прифатете дека некои нешта едноставно не се под ваша контрола, пишува порталот Inc. Можеби не можеме да контролираме како работите ќе се одвиваат, но затоа можеме да управуваме со нашите реакции.

Трпението често се опишува како пасивен чин, но како што се толкува во будизмот, да не се изгуби трпението е напорен процес кој вклучува самоконтрола и апсолутно владеење со сопствените мисли, зборови и дела.

Фокусирајте се на себе и обидете се да искористите неколку совети од кои многу се дел од медитациските техники:

– Фокусирајте се на дишењето! Дишете правилно и смирено.

– Отидете на прошетка некаде каде што сеуште не сте биле

– Легнете си на омилениот потпирач и размислувајте за изминатиот ден (не палете го телевизорот).

– Разговорите не ги доживувајте како натпревари, туку како дискусија. Слушајте што зборуваат другите и размислете пред да одговорите.

За почеток, водете се по овие совети, но запомнете, трпението има свои граници.

Трпеливите лидери не се сами по себе пацифисти, туку често активисти. Доколку работите ја преминале границата, не чекајте со делувањето.

Поранешната британска премиерка Маргарет Тачер во една прилика изјавила „Јас сум исклучително трпелива, под услов на крајот да биде по мое“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП