17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOracle ќе вработи 5.000 лица

Oracle ќе вработи 5.000 лица

Американската технолошка компанија „Oracle“ вработува уште 5.000 луѓе за својот бизнис со облачен софтвер, додека продолжува да се натпреварува со „Salesforce.com“ за удел на пазарот во оваа брзо растечка индустрија, пишува „Bloomberg“.

Целта на овој потег е да се зголеми најбрзо растечкиот бизнис на компанијата, кој во претходниот квартал ги зголеми своите приходи за 58 отсто во споредба со претходната година.

Одлуката доаѓа во позадина на трката меѓу „Oracle“ и нејзиниот главен конкурент, чиј извршен директор Марк Бениоф изјави дека „Salesforce“ е на пат да генерира 10 милијарди долари приходи од облачните услуги во оваа година – цел која „Oracle“ се обидува прва да ја постигне.

Освен тоа одлуката на „Oracle“ доаѓа во момент во кој се повеќе американски компании вложуваат во планови за зголемување на работните места на домашниот пазар, во обид да се избегне незадоволството на претседателот Доналд Трамп.

„Amazon.com“ најави дека ќе вработи повеќе од 100.000 вработени до 2018-та година. „Apple“ пак вети дека ќе инвестира 1 милијарда долари во производство во САД, а нејзиниот главен доставувач „Foxconn Technology“ се бори за изградба на сопствен погон во Висконсин.

Новите работни места на „Oracle“ се додаток на 1.000-те вработени најавени од страна на компанијата во јули дека тие се ангажираат во Европа, Блискиот Исток и Африка. „Oracle“ ќе ги објави своите резултати за првиот квартал од фискалната 2018-та година на 14-ти септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП