17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЗградите на Скопје ќе ги разубавуваат десетина мурали

Зградите на Скопје ќе ги разубавуваат десетина мурали

Светски познатиот уметник муралист Векс ван Хилик деновиве изработува мурал на зградата над Билната аптека во центарот на Скопје. Градот Скопје го поддржа проектот на Младинскиот културен центар (МКЦ) за изработка на повеќе мурали на фасадите на зградите во централното и поширокото градско подрачје со 1.250.000 денари.

Минатата година два мурала ја украсија фасадата на МКЦ, едниот изработен од групата ЗЕРО, а другиот од 40-ина прогресивни уметници од Македонија. До крајот на 2017 година ќе бидат изработени уште десетина мурали од повеќе прогресивни уметници од Европа, Азија, Северна и од Јужна Америка.

Векс ван Хилик е роден 1988 година во југозападна Франција. Под влијание на своите постари браќа тој почнува да слика уште од најрана возраст и почетна инспирација наоѓа во природата околу него, во флората и фауната. Хилик подоцна развива сопствен стил: сонувачки, надреален, истовремено вметнувајќи други влијанија. Сликари како Гистав Доре, Енгр, Караваџо, Дали или Бретон му се постојана инспирација од минатите векови, но неговото дело е под влијание и на поп-културата, видеоигрите, стрипот, уличната уметност и тетоважите.

Од 2010 година, кога ја остварува својата прва изложба во Тулуз, каде што денес живее и твори, учествувал во голем број изложби во Франција. Неговите дела се познати и во странство со поставките во галеријата „Мондо поп“ во Рим во 2012 година и во Салерно, во галеријата „Грисл тату“ во Бруклин, Њујорк и во Мелбурн, Австралија, во 2013 година.

Секоја слика или цртеж од Векс ван Хилик изгледа како ода посветена на фантазијата, како таинствен прозорец кон неговите сништа и илузии, каде што секоја сцена и лик се префинета мешавина на невиност и мрачност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП