17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТарифата за извршителите ќе биде коригирана

Тарифата за извршителите ќе биде коригирана

Измени на Законот за извршувањето подготвува Министерството за правда. Од Министерството истакнуваат дека во актуелното законско решение постои нејасен, неефикасен и комплициран начин на полагање испит за извршители и спроведување конкурс за извршители и сложен и скап систем на спроведување постапка за вонсудска наплата на долговите.

Решенијата со кои се уредува задолжителното учество на адвокати при спроведување извршување за побарувања поголеми од 10.000 евра, исто така, како што најавува Министерството, ќе бидат предмет на законски измени.

Целта на предлог-законот, истакнуваат од Министерството за правда, е коригирање на тарифата за награда и надоместок на другите трошоци за работењето на извршителите, редефинирање на постапката за вонсудска наплата на долговите, редефинирање на постапката за спроведување испит за извршители и спроведување конкурс за именување извршители, поекономична и поедноставна постапка за иницирање извршување и ревидирање на начинот за вршење надзор над работата на извршителите и Комората на извршителите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП