8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на чиста вода за пиење - 150 милијарди долари годишно

Цената на чиста вода за пиење – 150 милијарди долари годишно

Земјите треба да ги зголемат четирипати годишните трошоци за обезбедување на безбедна вода за пиење и канализација до 150 милијарди долари.

Овие напори ќе придонесат за намалување на детските болести и смртни случаи, истовремено стимулирајќи го економскиот раст. Ова мислење беше изразено од страна на Светската банка во извештајот кој беше објавен и цитиран од страна на „Ројтерс“.

Милиони луѓе сега се во замката на сиромаштијата поради недоволните резерви на чиста вода за пиење и поради недостигот на систем на канализација, рече Гуангзe Чен, висок директор во Светската банка задолжен за практиките во областа да водоснабдувањето. Потребни се повеќе ресурси за решавање на најранливите области за да се пополнат празнините и подобрување на квалитетот на водата и услугите за канализација, додаде тој.

Над три четвртини од луѓето без снабдување со вода за пиење живеат во рурални средини каде што само 20 проценти од луѓето имаат пристап до подобрена канализација. Во градовите, сиромашните луѓе имаат три пати помалку шанси да имаат пристап до вода за пиење отколку луѓето што живеат во побогати области.

Во документот, исто така, се забележува дека во некои земји водата од бунарите е понепогодна за пиење од езерската вода, на пример.

Извештајот повикува на поголемо учество на приватниот сектор во снабдувањето со вода за пиење во градовите, каде што е полесно да се вратат трошоците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП