19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFitch го намали кредитниот рејтинг на Катар

Fitch го намали кредитниот рејтинг на Катар

Агенцијата Fitch го намали кредитниот рејтинг на Катар на АА-, наведувајќи го како причина малиот напредок во правец на решавањето на ембаргото против овој емират, кое го воведоа соседните земји од Персискиот залив предводени од Саудиска Арабија.

Fitch го намали рејтингот на Катар за долгорочно задолжување за еден степен, така што оваа земја сега се наоѓа во група со Белгија и Јужна Кореја, со негативни изгледи, објави рејтинг агенијата од Њујорк, пренесува Блумберг.

Депозитите на странските клиенти во банките во Катар значително опаднаа во јуни, откако соседните арапски земји од Блискиот исток ги намалија дипломатските и трговските врски со Доха. Депозитите на странските клиенти во катарските банки, главно девизни депозити, во јуни се намалени на 170,6 милијарди ријали (46,9 милијарди долари), во однос на 184,6 милијарди ријали во месец мај, што претставува пад од 7,6 проценти.

Областа на Заливот е во длабока дипломатска криза откако Саудиска Арабија, Египет, ОАЕ и Бахреин ги прекинаа односите со Доха на 5-ти јуни и воведоа економски санкции против богатиот емират со нафта, обвинувајќи го дека го поддржува „тероризмот“ и одржува блиски односи со шиитскиот Иран, регионалниот противник на саудиското кралство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП