11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВработените во Turkish Airlines во штрајк

Вработените во Turkish Airlines во штрајк

shtrajkturkish1

Вработените во турскиот национален авиопревозник „Turkish Airlines“ денес стапија во штрајк поради спорот со управата околу големината на платите, а според тврдењата од компанијата авиосообраќајот поради тоа не е пореметен.

Синдикатот „Hava-IS“, во кој има околу 14,000 до 15,800 вработени од „Turkish Airlines“, бара од управата, на работа да бидат вратени 305 вработени на кои им беше изречен отказ по индустриската акција, при која минатата година беа приземјени стотици летови.

„Штрајкот започна во три наутро и тој ќе продолжи“, објави синдикатот на својата интернет страница.

На меѓународниот аеродром Мустафа Кемал Ататурк во Истанбул денес имаше силно присуство од полицијата бидејќи вработените имаат намера таму да одржат големи протести.

„Turkish Airlines“ соопшти дека повеќето вработени не го поддржуваат штрајкот и дека редот на летање се одвива нормално. Во синдикатот, сепак, велат дека нарушувањата во сообраќајот ќе се почувствуваат во текот на наредните денови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП