19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес и утре освежување, потоа повторно топло

Денес и утре освежување, потоа повторно топло

Времето денес ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени локални врнежи од дожд, со засилен ветер и појава на грмежи.

Повеќе врнежи се очекуваат во јужниот и југоисточниот дел од земјава. Во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец кој повремено ќе се засилува.

Во среда ќе има локален дожд во југоисточните делови, особено претпладнето. Дневните температури на воздухот ќе бидат во опаѓање за околу 7 до 10 степени.

Во попладневнте часови врнежите ќе престанат и ќе има постепено стабилизирање на времето. Температурата од четврток повторно ќе биде во покачување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП