14 мај, 2025
ПочетнаАВТОБИЗСо помош на Volkswagen направиле 15 милиони автомобили

Со помош на Volkswagen направиле 15 милиони автомобили

„Volkswagen“ ја превзема „Škodа“ во 1991-ва во време кога чешкиот производител изработуваше само два модели – „Favorit“ и „Forman“, и околу 170.000 возила годишно. Денеска од производните ленти слегуваат 7 модели, а годишно се произведуваат преку 1 милиони примероци.

Првиот модел развиен под новиот соптвеник беше „Felicia“, која се појави во 1994-та и која и натаму третиот најбаран автомобил од ерата на „VW“ со 1,4 продадени возила.

Две години подоцна, 1996-та, следеше првата генерација на моделот „Octavia“, која настана на платформата од „Golf 4“. Во текот на три генерации, „Octavia“ стана најпродаваната „Škoda“ со 5,6 милиони испорачани автомобили ширум светот.

Вториот најбаран модел е „Fabia“, со вкупно 4 милиони продадени единици. „Superb“ е на четвртото место по побарувачка, со оглед дека досега на купувачите им се испорачани 1,02 милиони примероци од овој модел.

Покрај тоа што од 1991-ва бројот на производната гама константно растеше, „Škoda“ започна да ги шири своите погони и во други земји и континенти, па моментално постојат 15 фабрики во кои се изработуваат автомобили на оваа марка.

Во „Škodа“ пресметале дека, кога еден по друг ќе се поредат 15-те милиони возила изработени во ерата на „Volkswagen“, таа колона би била долга 66.200 km, што е доволно нашата планета да се помине околу Екваторот за 1,65 пати.

Во 2016-та „Škoda“ продаде 1,1 милиони автомобили во околу 100 земји ширум светот. Чешкиот производител очекува уште побериќетна 2017-та со оглед дека дека производната програма е побогата со два нови „SUV“/кросовер модели, „Kodiaq“ и „Karoq“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП