29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА80% од Американците живеат од плата до плата

80% од Американците живеат од плата до плата

Речиси 80% од вработените во САД со полно работно време живеат од плата до плата.

Уделот на лицата кои се соочуваат со финансиски тешкотии во САД се зголемуваат за околу 5 процентни поени за само една година, според најновата студија на „CareerBuilder“, цитирана од „CNBC“.

71% од анкетираните граѓани на САД велат дека живеат на кредит. За споредба, минатата година 68% изјавиле дека имаат задолжување.

Додека 46% од испитаниците веруваат дека нивниот долг е прифатлив и може да се справат со тоа, 56% изјавиле дека нивните обврски ги надминуваат нивните можности.

Околу 56% исто така рекоа дека успеале да заштедат износ помал од 100 долари месечно.

Порталот за кариера – „CareerBuilder“ спроведе анкета меѓу 2.000 специјалисти за човечки ресурси и 3.000 работници со полно работно време во периодот мај-јуни.

Еден од наодите од истражувањето е, дека растот на приходите во земјата во изминатите 10 години не успеа да го надмине растот на трошоците за живот во текот на овој период.

Според извештајот, дури и луѓето кои заработуваат повеќе од 100.000 долари годишно имаат тешкотии да се сврзат крај со крај и честопати живеат од плата до плата.

59% од испитаниците со плата над посочената граница укажуваат на тоа дека немаат заштеди, додаде студијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП