20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрафик на денот: Технолошките компании во САД со највисока заработувачка по вработен

График на денот: Технолошките компании во САД со највисока заработувачка по вработен

Секој успешен претприемач би рекол дека највредното богатство на неговата компанија се луѓето. Звучи добро, но исто така има двојно значење, коментира „HowMuch.net“.

За повеќето корпорации, вработените претставуваат најголемиот расход, но во исто време ја вршат работата со која компанијата заработува пари. Во вториот дел сајтот се фокусира на денешниот график.

Анализата на „Business Insider“ на индексот „S & P500“ покажува дека поделени по сектори енергетските компании имаат највисоките средни приходи по вработен (1,78 милиони долари во 2016-та година), а тоа е двојно повеќе од компаниите во здравствениот сектор (880.000 долари), кои се на второто место. Индустриските компании и компаниите со втора дејност се последни во овој поглед со 321.000 и 424.000 долари, соодветно. Технолошките компании, исто така, не се многу понапредни на ранг-листата во просек за само 484.000 долари по вработен.

Сепак, како што покажува графиконот, некои од технолошките компании се меѓу најдобрите компании, кога станува збор за средни годишни приходи на вработен, а „Apple“ е лидер во овој поглед. Со 1,9 милиони долари на вработен, таа го надминува „Facebook“ (1,6 милиони долари) и „Alphabet“, компанијата мајка на „Google“ (1,3 милиони долари). „Verisign“, компанијата за домејни и онлајн безбедност, е на 4-то место со 1,2 милиони долари и е малку пред „Visa“, која генерира 1,1 милиони долари на човек во 2016-та година, а тоа е со околу 200.000 повеќе од својот главен конкурент – „MasterCard“.

Меѓу технолошките гиганти „Microsoft“ е со најлоши резултати, заземајќи го 10-то место со просечни годишни приходи на вработен од 748.000 долари. Звучи разочарувачки? Не кога ќе се потсетиме дека компанијата има околу 190.000 вработени ширум светот.

Во втората половина од топ 20 се наоѓаат познати имиња како „Cisco“ (13-то место со 684.000 долари), „Yahoo“ (15-то со 608.000 долари) и „PayPal“ (16-то со 560.000 долари). Не толку познатите компании кои се производители на електронски компоненти „Applied Materials“ (11-то со 694.000 долари), инвеститорот во видео игри „Activision Blizzard“ (12-то со 688.000 долари) и компанијата за полупроводници „AMD“ (20-то со 521.000 долари).

Честа сличност меѓу многу од овие компании е нивниот бизнис модел. Тие дизајнираат и развиваат, но не произведуваат, „аутсорсингот“ на производството е во земји каде што трошоците за производство се многу пониски. Ова повторно укажува на парадокс на профитабилност на вработените – често e помалку повеќе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП