11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: Британија ќе плати, но не со пари

Меркел: Британија ќе плати, но не со пари

Германската канцеларка Ангела Меркел ја предупреди Велика Британија дека ќе мора да го плати излегувањето од ЕУ, негирајќи дека таа обврска за Лондон претставува „парична казна“.

„Станува збор за обврски кои Велика Британија ги презеде и природно е дека тие мора да останат регистрирани. Тоа не е трошок за разделбата, иако тоа звучи како парична казна. Сепак сеуште сме на почеток од преговорите“, нагласи Меркел.

Трошоците за одвојувањето на Лондон и Брисел, или тоа колку Британија траба да плати по излегувањето од блокот е едно од најспорните прашања во разговорите околу Брегзит.

ЕУ веќе изнесе полна листа од тела и фондови за кои верува дека се покриени со финансиски договор. Според одделни претпоставки, тој износ ќе биде до 100 милијарди евра.

Брисел му порача на Лондон да изнесе предлог за калкулација на трошоците, во спротивно постои ризик од „пореметување“ на разговорите за Брегзит наредната недела.

Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон, истакна дека „не го признаваат износот од 100 милијарди евра“, но дека ќе платат точно онолку колку што сметат дека се нивните правни обврски, и ниту пени повеќе или помалку.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП