18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Њујорк тајмс“: Брисел загрижен поради кинеското влијание во Грција

„Њујорк тајмс“: Брисел загрижен поради кинеското влијание во Грција

Грција по неколкугодишната борба со штедењето, наметната од ЕУ и студениот прием кај САД, одлучи да прифати помош од својот најамбициозен геополитички партнер, Кина, пишува „Њујорк тајмс“.

Кина го искористи времето кое ЕУ го помина притискајќи ги властите во Атина, Грција да понуди повеќе инвестиции од кои, некои веќе почнаа да се исплаќаат, не само економски, туку и политички, оценува американскиот весник.

Инвестициите во Грција, на Кина ѝ овозможија добро економско и политичко ниво и можност за ширење на своите потфати во другите делови на Европа. Грчките власти во јуни ја блокираа изјавата на ЕУ, со која се осудува кршењето на човековите права во Кина. Грција неколку дена подоцна се спротивстави на строгите контроли на кинеските инвестиции во Европа.

Брисел и Вашингтон претходно стравуваа дека грчката економска ранливост, би можела да направи да биде лесна цел за Русија, земја која, според „Њујорк тајмс“, секогаш сакала да ја подели Унијата. Наместо тоа, Кинезите стануваат се посилен странски “играч“ во Грција, што може да се набљудува како резултат на фокусирана и трпелива дипломатија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП