19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Катар ервејс“ ќе биде симнат од тронот: Новиот најдолг директен лет ќе...

„Катар ервејс“ ќе биде симнат од тронот: Новиот најдолг директен лет ќе му припаѓа на „Квантас“

Австралиската авиокомпанија „Квантас“ ги претстави плановите за најдолгиот директен комерцијален лет во светот.

„Квантас“ се надева дека нејзините авиони од 2022 година ќе летаат директно од Сиднеј до Лондон. Според генералниот директор на компанијата, Ален Џојс, два производители веќе работат на авиони кои наскоро ќе може да ја извршуваат таа задача.

Џојс додал дека директниот лет од Сиднеј до Лондон ќе трае до четири, наместо сегашните 24 часа. Моментно најдолгиот директен комерцијален лет е на компанијата „Катар ервејс“ на линијата Доха-Оукленд, кој поминува растојание од 14.535 километри за околу 16 часа. Должината на планираниот лет Сиднеј-Лондон е околу 17.000 километри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП