28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБи-Би-Си направи видео-репортажа за Охридското езеро

Би-Би-Си направи видео-репортажа за Охридското езеро

„Античката историја скриена во најстарото езеро во Европа“ е насловот на видео – репортажата што ја објави Би-Би-Си вчера на својата веб-страница во рамки на т.н. Травел шоу.

„Ова е најстарото езеро во Европа. И средината околу него е стара, исто така. Дури и Охрид бил град уште во времето на таткото на Александар Македонски, Филип, во четвриот век пред Христа, вели авторката на почетокот од репортажата. Токму историјата, нагласува, е причината поради која туристите сакаат да доѓаат во Охрид“, пишува на веб-страницата.

Нејзиниот соговорник, Јован Стојаноски, туристички превезувач со кајче, истакнува дека токму античкото наследство и традицијата се најпривлечни за посетителите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП