30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА1,4 милиони евра за новата наплатна станица „Миравци“ на автопатот Д. Капија...

1,4 милиони евра за новата наплатна станица „Миравци“ на автопатот Д. Капија – Смоквица

Новата наплатна станица „Миравци“, која треба да почне да се гради на новиот автопат Демир Капија – Смоквица ќе чини, според објавата на Бирото за јавни набавки, 90 милиони денари, или приближно 1,4 милиони евра. Станува збор за една од трите нови патарини кои ќе бидат поставени на оваа делница.

Видот на договорот за јавна набавка опфаќа изведување градежни работи, а рокот за реализација е три години, или поточно 37 месеци. Критериум за доделување на договорот, како што пишува во објавата е најниската цена. Нарачател на набавката е Јавното претпријатие за државни патишта.

Изградбата на автопатот во должина од 28 километри почна во септември 2012 година. Се финансира со грант од Европската комисија, заем од Европската инвестициска банка и од Европската банка за обнова и развој, како и со шест милиони евра од државниот буџет. Со неговото пуштање во употреба се заокружува целосното автопатско решение на делот од Коридорот 10 што минува низ Македонија.

Новиот министер за транспорт и врски на прес-конференција неодамна го повика јавното претпријатие за државни патишта и АД МЕПСО да достават комплетна документација до Министерството за транспорт и врски за да добијат одобренија за изградба на контролниот центар во Неготино и за дислоцирање на 400 киловолтниот далновод, со што ќе се овозможи пуштање на автопатот Демир Капија – Смоквица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП