19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурскиот туристички сектор забележа голем скок во јули

Турскиот туристички сектор забележа голем скок во јули

Туристичкиот сектор во Турција се зголеми за 46,3 отсто во јули, според податоците објавени од турското Министерство за туризам.

Остриот пораст беше постигнат по ниските резултати во минатата година во однос на терористичките напади и обидите за државен удар. Сепак, 5 милиони туристи регистрирани во јули беа под број од 5,5 милиони пријавени во јули 2015-та година.

Податоците за туризмот во јули го одбележуваат четвртиот последователен месец на раст во овој клучен сектор во Турција.

Руските туристи се вратија и беа најголемата група странски туристи во Турција. Бројот на руски туристи влијаеше на остриот пад во минатото лето откако Турција го урна рускиот воен авион во близина на границата со Сирија во ноември 2015-та година.

Германците беа втората по големина група меѓу странските туристи во Турција и покрај тензиите меѓу двете влади.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП