23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА"Тренд" е затворен поради користење нефискализирани апарати и издавање на "компјутерски" сметки

“Тренд” е затворен поради користење нефискализирани апарати и издавање на “компјутерски” сметки

УЈП преку соопштение на својата веб-страна информираше за затворањето на Тренд во Аеродром.

“Информираме дека поради утврдени неправилности во деловниот објект, односно констатирано нерегистрирање на готовинскиот промет и издавање сметки од паралелен компјутерски систем кој не е поврзан со ГПРС системот на УЈП, донесено е времено решение со кое на даночниот обврзник му се забранува вршење на дејност во деловната просторија во траење од 15 дена, и изречена е глоба од 4550 евра за сторен прекршок согласно Законот за регистрирање на готовинските плаќања”, се вели во соопштението.

“Потсетуваме дека засилениот мониторинг се спроведува низ цела држава, не само на одредени локации, а затворени се и други познати угостителски објекти. Дополнително на предупредувањата, пред два месеци беше најавен засилениот мониторинг на готовинскиот промет и контролите од страна на Управата за јавни приходи”, додаваат од УЈП.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП