5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради Brexit во реонот на Франкфурт ќе бидат отворени околу 100.000 нови...

Поради Brexit во реонот на Франкфурт ќе бидат отворени околу 100.000 нови работни места

Во реонот на Франкфурт можат да бидат отворени близу 100.000 нови работни места во наредните четири години благодарение на „Brexit“. Повеќето позиции ќе бидат во финансискиот сектор, според студијата објавена денес.

Малку повеќе од една година по референдумот, на кој Британците избраа да ја напуштат Европската унија (ЕУ), изгледа Франкфурт води во трката со другите градови, кои сакаат да ги привлечат странските институции етаблирани во Лондон , според истражувањето нарачано од лоби групата „Frankfurt Main Finance“ и изготвено од Институтот за управување „WHU-Otto Beisheim“.

Според истражувањето во Франкфурт можат да бидат отворени 10.000 нови работни места само во банкарскиот сектор заради „Brexit“, а тоа може да има ефект и да го следи постојано зголемување во другите сектори од економијата.

Новите банкарски службеници ќе ја зголемат побарувачката за станови, инфраструктура и транспорт, образование, здравство, стока за широка потрошувачка, храна и така натаму, забележуваат експертите кои го подготвиле документот.

Според истражувањето ако се прифати дека растот ќе остане стабилен и бидат создадени 10.000 нови работни места во банкарскиот сектор, тоа значи дека ќе бидат создадени 21.300 нови позиции само во Франкфурт.

При најоптимистичкото сценарио Франкфурт и регионот Рајна-Мајна, кој ги вклучува градовите на околу 80 километри јужно од финансиското срце на континентална Европа, може да земе „бум“ од 88.000 дополнителни работни места.

Многу компании базирани во Велика Британија, се обидуваат да пренесат дел од своите активности во градовите од еврозоната, бидејќи може да изгубат т.н. „пасошки права“ да прават бизнис со клиенти во ЕУ, откако Велика Британија конечно ќе ја напушти ЕУ во март 2019-та година.

Франкфурт, каде се наоѓа Европската централна банка (ЕЦБ), се оформува како победник во привлекувањето на банките кои си заминуваат од Лондон.

Големи американски и азиски финансиски институции како „Goldman Sachs“ и јапонската „Nomura“ веќе го избраа градот на реката Мајна пред конкурентите, како Амстердам, Даблин и Париз.

Франкфурт е сметан за фаворит и за домаќин на Европскиот банкарски орган кој ќе ја напушти сегашната централа во Лондон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП