18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШамарот на Трамп за Мадуро: Стоп за обврзниците

Шамарот на Трамп за Мадуро: Стоп за обврзниците

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се забранува трговија со одредени обврзници од венецуелскиот јавен сектор.

Трамп така сака да изврши притисок на владата на претседателот Николас Мадуро да се откаже од својата „тиранија“, соопшти Белата куќа.

Со уредбата на Трамп се забранува трговија со нови обврзници и акции кои ги издала венецуелската влада и нејзината нафтена компанија PDVSA, пренесува Ројтерс.

Меѓутоа, Белата куќа напоменува дека оваа уредба му дозволува на американското Министерство за финансии да издаде лиценци за други трговски и хуманитарни трансакции, вклучувајќи финансирање на трговијата, извозот и увозот на нафта и трансакции исклучиво со огранокот на PDVSA во САД, под назив „Kitgo“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП