10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАстрономски раст од 2.300 проценти, не знаат што со парите

Астрономски раст од 2.300 проценти, не знаат што со парите

Најголемиот кинески производител на нафта, „PetroChina“, соопшти дека зголемувањето на цените на нафтата му помогнал на растот на нето профитот во првата половина од 2017 година за повеќе од 2.000 проценти.

Тоа на акционерите им донесе бериќетна дивиденда во готовина.

Нето добивката на компанијата од јануари до јули достигнала 12,67 милијарди јуани (1,9 милијарди долари) во однос на само 531 милион јуани во истиот период минатата година, наведе оваа компанија во соопштението објавено на берзата во Хонг Конг, пренесува агенцијата АФП.

Тоа е пораст од 2.290 проценти во споредба со профитот од првите шест месеци од 2016 година, кој беше најнискиот полугодишен резултат од 2000 година, од кога компанијата јавно ги претставува деловните показатели, за што вината во голема мера се препишува на слабите меѓународни цени на нафтата во тоа време.

„Понудата и побарувачката на глобалниот пазар на нафта прогресивно се движи во правец на балансирање“, се наведува во соопштението на „PetroChina“.

Компанијата наведе дека на акционерите ќе им биде исплатен износ кој е еквивалентен на профитот од првото полугодие „земајќи ги генерално во предвид добрите основи за развој, финансиските услови паричните текови и подобрувањето на приносите за акционерите“.

„PetroChina“ е 89 проценти во сопственост на матичната државна компанија „China National Petroleum Corporation (CNPC)“, која не е листирана на берзата.

Инвеститорите ги поздравија добрите вести од „PetroChina“, а акиите на компанијата во Хонгконг скокнаа за повеќе од четири проценти, а во Шангај за повеќе од еден процент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП