28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПОЦ бара да се забрани паркирањето на тротоарите во Општина Центар

ПОЦ бара да се забрани паркирањето на тротоарите во Општина Центар

Директорот на јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“ на следната седница на Советот на Општина Центар ќе побара да се реши сообраќајниот режим во Дебар Маало, односно на улиците Ѓуро Ѓаковиќ (Мирослав Крлежа) и Орце Николов, каде што моментно паркирањето е организирано на тротоарите.

– Бидејќи на одредени улици во оваа општина нема утврден режим на сообраќај, односно обележаните паркинг-места на тротоарите се без правен основ и спротивни на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, на следната седница на Советот на Општина Центар ќе побараме да се вметне точка за да се преземат законски мерки и активности во насока на решавање на овие проблеми со кои се соочуваат жителите на општината, како и граѓаните што се движат на територија на општина Центар, со цел приоритет да бидат пешаците и нивното безбедно движење во општина Центар. Со решавање на овој клучен проблем во иднина и јавното претпријатие ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ ќе поведе нова инцијатива да ги преземе сите паркинзи што се наоѓаат под оваа општина. Моментната измешана надлежност и поклопувањето на двете јавни претпријатија особено изгледаат збунувачки за граѓаните при паркирањето на своите возила. Жителите се соочуваат со големи проблеми каде да го остават својот автомобил, особено граѓаните чие живеалиште се наоѓа на улица со која стопанисува јавното претпријатие ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, а паркингот пред живеалиштето и каде што треба овие жители да се паркираат е во надлежност на „Градски паркинг“. Со оглед на ваквата моментна ситуација, не постои можност на овие жители да им излеземе во пресрет и да им понудиме квалитетна бесплатна услуга како жители на општината – изјави директорот Богдановиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП