16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина до Трамп: Ќе ги браниме своите компании до крај

Кина до Трамп: Ќе ги браниме своите компании до крај

Кина ја критикуваше одлуката на САД да покрене истрага за кинеската политика во областа на технологијата како напад на глобалниот трговски систем.

Кина наведе дека „одлучно ќе ја брани“ секоја кинеска компанија која ќе биде погодена.

Портапаролот на Министерството за трговија, Гао Фенг, изјави дека во истрагата која ја најавија американските власти неправилно се применуваат американските закони, наместо меѓнародните правила за трговија.

„Многу сме незадоволни со оваа еднострана и протекционистичка пракса и ќе ги преземеме сите неопходни мерки за одлучно да ги одбраниме легитимните права и интереси на кинеската страна и кинеските компании“, соопшти Гао.

Истрагата, како што додаде Гао, претставува „деструкција на постоечкиот меѓународен трговски систем“.

Американскиот трговски претставник Роберт Лајтхајзер најави дека оваа недела неговата канцеларија по налог на претседателот Доналд Трамп ќе покрене истрага дали во Кина од странските компании непрописно се бара да ја откријат технологијата како услов за пристап до кинескиот пазар.

Од производителите на автомобили и други странски компании се бара да работат со заеднички вложувања, обично во партнерство со државни компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП