21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија забележа рекорден суфицит од 18,3 милијарди евра за првата половина од...

Германија забележа рекорден суфицит од 18,3 милијарди евра за првата половина од годината

Силниот економски раст и историски благопријатната ситуација на пазарот на трудот и гарантираат на Германија рекорден суфицит за првата половина од 2017-та година. Сојузната влада, провинциите, општините и фондовите за социјална помош собрале 18,3 милијарди евра повеќе отколку што се потрошија, соопшти Сојузниот завод за статистика кој се базираше на прелиминарните податоци.

Како резултат на тоа, Германија го достигна највисокиот суфицит од обединувањето без понатамошен поттик.

Повисок суфицит е забележан само во втората половина на 2000-та година – 28,8 милијарди евра. Тогаш сепак податоците се поддржани од еднократен ефект – тендерот на мобилни „UMTS“ лиценци и донесе на државата сериозни приходи.

Високите даночни приходи и социјалните придонеси придонесуваат за добро извршување на јавните средства од јануари до јуни. Според економистите, германската економија останува на патот на раст, поттикнат од високата потрошувачка и зголеменото инвестирање од страна на многу компании.

Во вториот квартал од оваа година Бруто домашниот производ (БДП) се зголеми за 0,6% во однос на претходниот квартал. Со ова статистиките на Висбаден ја потврдуваат својата прва оценка, објавена во средината на август. На почетокот на годината економското производство во Германија се зголеми за 0,7%. Ова е 12-ти последователен квартал на експанзија.

Така, во првата половина од годината, суфицитот изнесуваше 1,1% од БДП-то. На овој начин најголемата економија во Европа останува далеку од максимумот на долгот кој земјите од ЕУ се должни да ги почитуваат според заедничкиот договор. Дозволен е максимален дефицит од 3% од номиналниот економски излез.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП