23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија со највисока стапка на нееднаквост од сите европски земји

Македонија со највисока стапка на нееднаквост од сите европски земји

3 проценти од Македонците заработуваат исто колку и 50 отсто од граѓаните во земјата, покажуваат податоците од годишните извештаи на УЈП, за нееднаквоста меѓу богатите и сиромашните.

Според извештајот, Македонија е со највисока стапка на нееднаквост од сите европски земји. Со просечен доход на граѓаните од 320 евра месечно, а најбогатите, кои сочинуваат 1 процент од населението, заработувале по 4180 евра месечно.

Според податоци за период од три години – 50 посто од луѓето во Македонија заработуваат под 200 евра месечно, додека највисокиот доход во 2016 година, изнесува 2,6 милиони евра нето. 15 лица заработиле над 1 милион евра. МПМ 467 вработени просечна плата од 280 евра. Само 1 вработен месечно земал над 21 илјада евра.

940 000 лица во Македонија остваруваат доход (плати, пензии…), а 14% од вкупниот доход е кај најбогатите, велат од Министерството за финансии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП