2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМТСП: Децата во градинките ќе се згрижуваат во текот на денот согласно...

МТСП: Децата во градинките ќе се згрижуваат во текот на денот согласно со потребите на родителите

Во врска со информациите дека во одредени јавни установи за деца/детски градинки се вршат анкети во кои родителите се анкетираат дали нивното дете ќе посетува прва или втора смена од 7:00 до 14:30 или од 14:30 до 21:30, Министерството за труд и социјална политика излезе со указ дека наведеното работно време се однесува само на вработените во установите кои треба да ја применат Одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата на Република Македонија, министерствата и другите органи на државната управа, а не и на времето за престој на децата во јавни установи за деца/детски градинки.

“Децата ќе се згрижуваат во текот на денот согласно со потребите на родителите”, велат од министерството.

“Двосменското работење подразбира дека опфатот и згружавањето на децата во јавните установи за деца/детските градинки ќе биде како и до сега од 5:30 часот наутро до 22:00 часот навечер, како и во првата сабота во месецот. Апелираме до вработените и директорите на јавните установи за деца/детските градинки да не ги манипулираат родителите и да не ги ограничуваат со стриктно временско згрижување на децата! Директорите се задолжени од страна на МТСП да ја спроведат Одлуката на Владата на РМ и согласно истата и потребите на родителите да го организираат работењето на установата”, се вели во указот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП