5 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да си ги олесните часовите поминати на работа?

Како да си ги олесните часовите поминати на работа?

Сите знаеме дека одењето на работа не е исклучително интересна активност, но за да си ги олесните деновите поминати на работа ви нудиме неколку совети…

1. Никогаш немојте да им ветувате на колегите, а ни на шефовите нешто што не можете да го исполните.

2. На работа никогаш не дозволувајте да ве водат чувствата, научете да ги контролирате.

3. Доколку сакате да се шегувате, прилагодете го хуморот со работното опкружување.

4. Пред да одите на работа бидете одморени и наспиени. На работното место секогаш одете десет минути порано да го избегнете стресот кој би се појавил доколку постојано брзате.

5. За време на паузите прошетајте и релаксирајте се, обидете се да не консумирате премногу кофеин.

6. Лицата покрај кои се чувствувате лошо избегнувајте ги, а потрудете се на работа да стекнете некој искрен пријател со кој ќе можете да разговарате.

7. На вашето работно биро ставете слика од вашите најблиски и повремено сетете се кој ви е најважен во животот.

8. Работите на работа согледајте ги од повеќе агли, но доколку нешто не ви одговара кажете одлучно „не“.

9. Потрудете се што подобро да се организирате и секогаш да имате резевен план кој можете да го искористите.

10. Пронајдете некое хоби кое ве исполнува.

11. Сакајте се себеси онакви какви што сте и трудете се секогаш да бидете насмеани.

12. Никогаш не си дозволувајте да ги повредите другите, но кога ви е потребна помош побарајте ја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП