21 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗГерманскиот авто-гигант го направи 150-милионитото возило! (видео)

Германскиот авто-гигант го направи 150-милионитото возило! (видео)

„Volkswagen“ прослави значаен историски резултат – 150 милиони произведени автомобили, а веројатно погодувате кој е моделот кој слезе од производната лента како јубилеен примерок.

Oвој резултат е постигнат по нешто повеќе од осум децени од основањето на компанијата, а сосема очекувано јубилејниот автомобил беше еден „Golf“, и тоа „plug-in“ хибридниот „GTE“.

Производниот рекорд е одбележан со едноминутно видео во кое забрзано е прикажан целиот фабрички процес за настанување на овој автомобил главно во погонот во Волфсбург:

„Volkswagen“ започна со масовно производство на автомобили на 27-ми декември 1945-та година, со моделот „Type 1 Kafer“. Сепак, првиот голем успех пристигна со познатата „буба“, која го заврши производството со изработени 21,5 милиони примероци.

Овој резултат го надмина во 2007-ма година „VW Golf“, кој до денес остана најбараниот модел на германскиот производител со преку 34 милиони продадени единици ширум светот.

Моментално, „Volkswagen“ изработува автомобили во дури 60 фабрики кои се наоѓаат во 14 земји, а во понудата на возила има 60 модели, достапни на различни пазари ширум светот.

Инаку, третиот најпопуларен модел на „VW“ е „Passat“ (со преку 20 милиони продадени автомобили), а по него следат „Jetta“ (околу 19,5 милиони) и „Polo“ (речиси 17 милиони).

Од 150 милиони автомобили кои „Volkswagen“ досега ги направи, дури 44 милиони се произведени во фабриката во Волфсбург.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП