21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПуштена во употреба улицата Васко Карангелевски

Пуштена во употреба улицата Васко Карангелевски

Градоначалниците на град Скопје и на општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски, денеска, официјално ја пуштија во употреба реконструираната улица Васко Карангелевски на потегот од раскрсницата со булеварот Јане Сандански до раскрсницата со булеварот АСНОМ (СЦ „Јане Сандански“ и хотел „Русија“).

На овој дел од улицата коловозот беше целосно реконструиран и променета беше целата асфалтна конструкција со санација на рабниците и тротоарите, во вкупна должина од 600 метри.

За овој градежен зафат Градот Скопје вложи 7,8 милиони денари. Реконструкцијата на оваа улица значително ќе ги подобри условите во сообраќајот на оваа сè пофреквентна сообраќајница и ќе им го олесни пристапот на жителите до зградите, а што е најважно ќе придонесе за зголемување на безбедноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП