7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндексот на „Шангај композит“ најсилен од почетокот на 2016

Индексот на „Шангај композит“ најсилен од почетокот на 2016

Индексите на поголем дел од азиските пазари пораснале наспроти падот на индексот на „Волстрит“, а доларот зајакна во однос на јапонскиот јен, пишува „Сибиз“.

Индексот на „МСЦИ Азија Пацифик“ пораснал 0,3 проценти, а во неделата бележи раст од 1,6 отсто. „Никеи 225“ пораснал 0,6 проценти, а на седмично ниво практично е непроменет. Индексот на „Шангај композит“ скокнал 1,6 отсто и се искачи на највисокото ниво од јануари 2016 година. „Ханг Сенг“, пак, пораснал околу еден процент.

Јапонските потрошувачки цени пораснале во јули, седми месец по ред, што покажува дека економијата полека, но сигурно расте. Би можела да се оствари целната инфлација од два процента иако зголемувањето на цените е во најголем дел поради скапите горива.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП