24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Јапонија се зголеми во јули

Инфлацијата во Јапонија се зголеми во јули

Цените на потрошувачките стоки во Јапонија се зголемија веќе седми последователен месец во јули, во услови на глобални зголемувања на цените на енергијата, јави јапонската влада, цитирана од агенциите.

Инфлацијата достигна 0,5 отсто, што е над стапката од јуни од 0,4 отсто, далеку под целта од 2 отсто.

Керозинот е зголемен за 21,2 отсто, а бензинот за 6,3 отсто, според податоците од Министерството за внатрешни работи и комуникации.

Главниот индекс на трошоците за животот со исклучок на свежата храна е 100,1 поен со база од 100 за 2015-та година.

Минатиот месец, „Bank of Japan“ ја намали прогнозата за инфлација за тековната фискална година на 1,1 отсто, во споредба со 1,4 отсто во априлските очекувања.

Во април 2013-та година, централната банка ја усвои суперлибералната монетарна политика (вклучувајќи ги и негативните каматни стапки) за постигнување на целта за инфлација за две години, потсетуваат агенциите.

Премиерот Шинзо Абе вети дека ќе ја преземе јапонската економија од спиралата на дефлација кога ќе дојде на власт во декември 2012-та година, но неговата влада не успеа да постигне долгорочен економски раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП