8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСо финансиска помош Haribo ја отвара првата фабрика во САД

Со финансиска помош Haribo ја отвара првата фабрика во САД

„Haribо“, германскиот производител на слатки производи, може да се потпре на намалување на даноците во вредност од милиони долари за изградба на својата прва американска фабрика.

Федералната држава Висконсин, која обезбеди финансиска помош и на тајландскиот производител на електроника „Foxconn“ за неговата прва фабрика таму, ќе го охрабри проектот на Германците со до 21 милиони долари (речиси 18 милиони евра), изјави гувернерот на државата Скот Вокер.

Даночните олеснувања ќе продолжат до крајот на 2028-ма година и ќе зависат од бројот на создадените работни места и трошоците на „Haribo“, од кои ќе имаат корист локалните компании и вработените.

Производителот на бонбони со седиште во Бон објави во март дека ќе инвестира 242 милиони долари во својата прва фабрика во САД. Ќе има 400 работни места создадени во градот Плезент Преори во округот Кеноша во Југоисточен Висконсин. Производството треба да започне во 2020-та година.

Досега со 16 производствени фабрики во Европа и речиси 7.000 вработени, „Haribo“ просечно произведува по 100 милиони пакетчиња со желе мечки на ден.

„Haribo“ е модел за успешна германска компанија. Таа е дел од столбот на најголемата економија во Европа и е основана пред речиси еден век во 1920-та година, пишува „Independent“. Изданието потсетува дека „Haribo“ ги создал еден од најпопуларните рекламни слогани во светот, ветувајќи дека ќе ги задоволи возрасните и децата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП