28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Шел“ и „БП“ десет години „ги местеле“ цените на бензинот

„Шел“ и „БП“ десет години „ги местеле“ цените на бензинот

shell

Двете британски нафтени компании „Шел“ и „БП“ се осомничени дека цели десет години ја „местеле“ цената на бензинот, предизвикувајќи возачите една деценија да плаќаат многу повисока цена за горивото за своите автомобили.

Европската комисија покрена формална истрага за „фиксирање на цените“ на бензинот, па нејзините истражни органи извршија претрес во службените простории на овие две компании во Лондон, трагајќи по докази за обвинувањата со кои се товарат „Шел“ и „БП“.

Нечесното однесување на компаниите почнало уште во 2002 година, од кога цената на бензинот во Велика Британија е зголемен за цели 80 отсто. Сегашната просечна цена на ова гориво изнесува 1,35 фунти за литар.Тоа значи дека возачите сосема непотребно платиле илјадници фунти повеќе, во исто време додека профитот на компаниите растеше.

Истрагата за местење на цените беше отворена по написите во лондонски „Дејли телеграф“ околу превисоката цена на бензинот, во време кога цената на нафтата стагнира, или сосема благо се зголемува. Компаниите и трговците досега, обично, за таквата состојба ја обвинуваа Владата и „превисоките трговски маржи“ што таа ги воспоставуваа за пополнување на празнините во државниот буџет.

Случајот со фиксирање на цените на бензинот, наликува на местењето на основната камата за давање кредити, што веќе откриени кај низа британски банки. По спроведената истрага, виновниците платија казни од по неколку стотина илјади фунти.

Претставниците и на двете нафтени компании одбија да ги коментираат обвинувањата, инсистирајќи дека „соработуваат со истрагата“ и помагаат ЕК да ја утврди вистинската состојба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП