4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнтеграцијата на муслиманите во Германија се подобрува благодарение на силната економија

Интеграцијата на муслиманите во Германија се подобрува благодарение на силната економија

Интеграцијата на 4,7 милиони муслимански имигранти во Германија се подобрува, особено во смисла на вработување и јазични вештини. Оваа нова студија е цитирана од „Associated Press“.

Фондацијата „Бертелсман“ објави дека околу 60 отсто од муслиманите кои се преселиле во Германија пред 2010-та година сега се со полно работно време и 20 отсто со половично, како етничките Германци.

Според истражувањето во Германија, стапките на вработеност кај муслиманите се повисоки отколку во другите западно-европски земји, делумно поради силната германска економија и високата побарувачка за работници.

Студијата, сепак, покажа дека е уште потешко за верските муслимани да најдат работа во Германија, отколку Британија.

Студијата, исто така, покажува дека 73 отсто од децата муслиманските имигранти родени во Германија веќе го зборуваат германскиот како свој прв јазик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП