2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕстонија повторно повикува: Преселете се кај нас

Естонија повторно повикува: Преселете се кај нас

Естонија размислува да покрене сопствена виртуелна валута, нешто како „балтички биткоин“.

Доколку планот се реализира, тоа би била првата иницијатива за дигитална валута од некоја влада.

Овој чекор е дел од програмата за Е-резиденција, која Естонија ја покрена на крајот на 2014 година.

Образецот за пријава е краток, таксата е 100 евра и после неколку кликнувања можете да станете дигитален жител на Естонија.

На програмата можат да се пријават луѓе од целиот свет, можат да добијат лична карта, но и да започнат бизнис во таа земја.

Издавањето на национална криптовалута се смета за следен чекор во таа смисла.

„Дигиталната валута која би ја поддржала владата ќе има големо влијание и на иднината на земјата, но ќе помогне и во зајакнувањето на економијата“, вели Каспар Крјус, генералниот директор на програмата Е-резиденција за Естонија.

Првите проценки покажуваат дека Естонија, која сега има 1,3 милиони жители, би можела да добие 10 милиони е-жители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП