17 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИНискобуџетната Ryanair ги намали цените на билетите за Шпанија

Нискобуџетната Ryanair ги намали цените на билетите за Шпанија

Нискобуџетната авиокомпанија „Ryanair“ ги намали цените на билетите за летовите во Шпанија за да избегне какво било влијание врз побарувачката поради минатонеделните терористички напади во Каталонија, изјави денеска генералниот директор Мајкл О’Лири.

Тој рече дека авиокомпанијата, која во однос на бројот на патници што ги превезува во Шпанија е на прво место, „генерално” не ги евидентирала последиците во однос на резервирањето билети за таа земја.

Исламските милитанти минатата недела убија 15 лица во Барселона и во Камбрилс во Каталонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП