12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААВРМ: Невработените ќе добијат паричен надоместок за јули до крај на месецот

АВРМ: Невработените ќе добијат паричен надоместок за јули до крај на месецот

Агенцијата за вработување информира дека исплатата на паричниот надоместок по основа на невработеност за јули 2017 година ќе се изврши најдоцна до 30 август.

„Во претходниот месец исплатата се реализираше во периодот од 20 до 25 јули, но поради именување нов директор, во изминатиов период Агенцијата за вработување ги презеде сите неопходно потребни законски мерки за промена на главен потписник на трезорската сметка на Агенцијата, која законски повлече и промена на постоечките потписници на сметки во сите 30 центри за вработување на територија на Република Македонија“, велат од Агенцијата.

Како што додаваат од таму, менувањето на 31 потписник се спроведува во неколку институции (Централен регистар на РМ, нотар и трезорот при Министерство за финансии).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП