25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУнгарија излезе од рецесија

Унгарија излезе од рецесија

ungarija2

Унгарија излезе од рецесија, изјави денес портпаролот на унгарската влада Андраш Џиро повикувајќи се на економските показатели од првиот квартал од оваа година, пренесува унгарската новинска агенција МТИ.

Според наводите на Централниот завод за статиските на Унгарија, бруто домашниот производ во првиот квартал од 2013 година се зголемил за 0,7 проценти, во споредба со последниот квартал од 2012 година.

Џиро очекува дека економскиот раст ќе продолжи и во наредниот квартал. Тој порача дека главна цел на владата е повторно да го поттикне одржливиот економски раст.

Според него, Европската комисија како и аналитичарите предвидуваат економски раст во Унгарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП