11 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција ги определи поморските области каде што ќе се бара нафта и...

Грција ги определи поморските области каде што ќе се бара нафта и гас

Грција ги претстави морските области во кои светските енергетски гиганти ќе бараат нафта и гас.

Блоковите се наоѓаат во три региони на Јонското Море и долж островот Крит. Тие ќе бидат дадени под концесија за истражување и експлоатација во тие наоѓалишта.

Одлуките за експлоатацијата се земени од министерот за животна средина и енергетика Јоргос Статакис, а мапите со означените области се објавени во грчкиот Службен весник.

Станува збор за области во Јонското Море северно од островот Кефалонија, западно од островот Лефкада и западно од островот Крф, како и југозападно од островот Крит.

Интересот за овие студии е огромен и доаѓа од компании главно од САД и Франција.

Грција започна амбициозна програма за откривање на нови наоѓалишта на нафта и гас, притисната од долготрајната финансиска криза и охрабрена од неодамнешните откритија на големи гасни полиња во Источниот Медитеран.

Во врска со тоа грчкото Министерство за животна средина и енергетика подготвува нови тендери за доделување на концесија за студии и работа по барање на конзорциумот составен од американската компанија „Exxon Mobil“ и компанијата „Energean Oil & Gaz“.

Француската „Total“ и грчката „Hellenic Petroleum“ исто така изразија интерес да бараат нафта и гас крај островот Крит.

Според некои студии Грција очекува во рок од 30 години приходите од развој на наоѓалишта да надмине 150 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар