21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбезбедени се пари за изградба на патот Дреново-Градско

Обезбедени се пари за изградба на патот Дреново-Градско

Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство продолжуваат да работат во интерес на граѓаните, обезбеден е грант од 35,4 милиони евра, неповратни средства од ИПА-програмата за изградба на патот Дреново-Градско, за што е потпишан билатерален договор со Европската Унија, соопшти СДСМ.

„Со изградбата на оваа делница значително ќе се придонесе кон модернизација на патната инфраструктура во Пелагонискиот Регион и за граѓаните од овој крај тоа ќе значи побрз пристап од едно до друго населено место и побрз трансфер на стоки и услуги. Изградбата ќе се одвива на ниво на експресен пат во должина од 15 километри, кој ќе ги задоволува сите безбедносни и сообраќајни стандарди“, велат од СДСМ.

Со оваа значајна капитална инвестиција, како што порачуваат од СДСМ, ќе се унапредат бизнис-релациите, транспортот на стоки и луѓе во регионот на Градско, Кавадарци, Прилеп, Битола, Кривогаштани, Крушево и во Охрид

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП