13 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАВе затрупуваат со работни задачи? Како да реагирате без да си наштетите?

Ве затрупуваат со работни задачи? Како да реагирате без да си наштетите?

Дали сте еден од оние вработени кои не знаат да кажат „не“? Ако сте, сигурно сте затрупани со работа, но имате и статус на лице на кое вашите шефови и колеги секогаш можат да се потпрат.

Меѓутоа, ако секогаш кажувате „да“, можете да дојдете во ситуација да направите буквално се за вашата кариeра, но тоа на штета на вашиот приватен живот. „AOL Jobs“ претставува неколку совети како да кажете „не“ во деловното опкружување, а тоа да не го загрози вашето работно место.

Внимателно изберете ја ситуацијата

Ако во канцеларијата владее забрзана и стресна атмосфера, тогаш не е време да кажете „не“. Меѓутоа, во стабилните ситуации вашето одбивање нема толку да се забележи, особено ако сте опкружени со луѓе кои исто така се во можност да ја извршат молбата од шефот.

Научете како да го одбиете директно

Можеби шефот ги заборавил сите задачи со кои сте оптеретени. Наместо да кажете дека не можете да преземете уште еден проект, кажете – „Гледам дека тој проект е важен, може ли да разговараме за да ми помогнете да ги одредам приоритетите во работата. Сакам да бидам сигурен дека сум фокусиран на најважното“.

Предложете алтернативно решение

Можеби немате доволно време за новата задача, но можеби можете да издвоите малку време за работа на дел на проектот. Доколку сте специјализирани за одредена област, предложете да му се посветите на тоа, во соработка со колегите кои би го преземале остатокот од работата.

Сериозно спротивставете се, но само ако имате добра причина

Што значи добра причина? Тоа е различно од компанија до компанија. Доколку имате неодложливи семејни и социјални средби (свадба, крштевка, погреб, промоција), а новиот проект ги пореметува вашите планови, објаснете му на шефот дека не сте во состојба да помогнете. Не го кажувајте зборот „не“, туку со внимателно одбрани зборови покажете иницијатива да помогнете во некоја друга ситуација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП