Германија продолжува да биде најстабилен бизнис пазар на недвижнини поради намалувањето на вкупниот обем на трансакции во Европа, објави интернет-страницата „propertywire.com“ која ги цитира податоците од консултантската компанија „Knight Frank“.
Во вториот квартал од 2017-та година, обемот на инвестиции во комерцијалните недвижности во Европа се намали на годишна основа, но на некои клучни пазари расположенијата остануваат стабилни, главно во Германија, се вели во извештајот.
Инвестициите во комерцијалните недвижности во Европа изнесуваат 43,3 милијарди евра во периодот април-јуни, а за првата половина од годината достигнаа 90,3 милијарди евра. Ова претставува пад од 8% на годишна основа.
Германија стана водечка европска инвестициска дестинација за инвеститорите од Северна Америка. Земјата е исто така водечка локација за интра-европските прекугранични инвестиции.
Во исто време, обемот на инвестиции во Велика Британија е далеку под нивото пред гласањето за „Брегзит“ во минатата година, и покрај зголемениот обем на азиски капитал насочен кон земјата.
Во извештајот се наведува дека во втората половина од 2017-та година, европскиот обем на инвестиции се очекува да добие импулс од завршувањето на договорот „Logicor“. Ова се очекува да биде најголем договор во европскиот деловен сектор за недвижнини.