4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотона продажбата на станови во САД, цените скокнаа

Потона продажбата на станови во САД, цените скокнаа

Продажбата на новоизградените станбени единици во САД падна во јули на 10-месечен минимум поради растот на цените.

Тоа укажува на можно забавување на побарувачката, покажаа официјалните податоци.

Остриот месечен пад на продажбата направи пресврт на растот забележан последователно во претходните два месеци и во голема мера е последица на рекордниот пад на продажбата на западот од Соединетите Држави, покажаа податоците на Министерството за трговија, пренесува агенцијата АФП.

Аналитичарите во последните неколку месеци предупредуваат дека пазарот претерано зајакнува, при што понудата не успева да го одржи чекорот со побарувачката поради што растот на цените ќе ги избрка потенцијалните купувачи од пазарот.

Продажбата на нови куќи падна за 9,4 проценти во јули на годишно ниво, на 571.000 единици, но на така големиот процент на падот влијело тоа што показателите за јуни се ревидирани нагоре за повеќе од три проценти.

Аналитичарите очекуваа пад од само 2,3 проценти.

Просечната цена на станбените единици во САД пораснала во јули за 0,7 проценти на 313,700 долари, но таа и понатаму е под декемврискиот максимален износ од 332.700 долари.

Продажбата на западот од САД потона за 21,3 проценти на годишно ниво на 144.000 единици, што е најголемиот процентуален месечен пад од февруари 2014 година.

Според моменталната стапка на продажба, понудата од претстојниот станбен фонд покрива 5,8 месеци во однос на 5,2 месеци од јуни, што е прво зголемува во три месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП