1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАBrexit претставува закана за британската прехранбена индустрија

Brexit претставува закана за британската прехранбена индустрија

Речиси половина компании кои работат во британската прехранбена индустрија, посочуваат дека работниците од Европската унија (ЕУ) размислуваат да си заминат поради несигурноста околу „Brexit“, се наведува во студија која беше објавена денеска, а цитирана од „Ројтерс“.

Прехранбената индустрија претставува најголемиот дел од британската индустрија и се потпира во голема мера на имигрантите, иако дебатите во Велика Британија досега се фокусирани главно на сектори, како автомобилската и воздухопловно-вселенската индустрија.

Вкупно 47 проценти од компаниите во британскиот систем за испорака на храна, кој вклучува фарми, компании за преработка на прехранбени производи, супермаркети и ресторани, посочуваат дека работниците од ЕУ сметаат дека иднината не им е сигурна како директен резултат од гласањето во поддршка на излегувањето на Велика Британија од ЕУ во минатиот јуни. Ова ги покажува резултатите од анкетата составена од неколку организации.

Речиси една третина од учесниците во истражувањето, направено помеѓу март и мај во 627 компании, велат дека некои од нивните вработени од ЕУ си заминале. Додека британската економија оваа година го забавува својот раст, сé уште не е јасно какво ќе биде влијанието на „Brexit“ врз пазарот на трудот.

Официјалните податоци од минатата недела покажуваат дека бројот на луѓето кои се родени во ЕУ и работат во Велика Британија, се зголемил за 1,6 проценти на годишна основа во вториот квартал. Ова е најслаб раст за 7 години.

Со острото намалување на бројот на работниците од ЕУ кои ќе имаат право да работат во Велика Британија по „Brexit“, ќе доведе до значителни турбуленции во системот за снабдување со храна, вели Ендрју Оупи кој одговара за храната и одржливот развој во Британскиот конзорциум за малопродажба.

Тој додава дека ова ќе влијае на количеството и цената на храната во Велика Британија.

Британскиот систем за снабдување со храна и пијалоци вработува околу една петтина од 2 милиони граѓани на ЕУ кои работат во земјата.

Премиерот Тереза ​​Меј рече дека владата ќе ги гарантира правата на европските граѓани, кои веќе живеат во Велика Британија, но деталите за идниот имиграциски систем остануваат нејасни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП